Со тетарската претстава ,,Цветко и неговата градина”

Со тетарската претстава ,,Цветко и неговата градина” во петок (21.06) започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња под мотото „Културата расте со децата“. Тетарската претстава ќе се одржи на сцената кај ТЦ Амам со почеток од 20:00 часот.
,,Цветко и неговата градина” е најновата хит претстава за деца која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна.
Низ призмата на оваа претстава децата со театарски јазик создаден да биде разбирлив за нивната возраст ќе дознаат низ визуелен пример колку е важно да ја чуваме и негуваме природата, да не ги уништуваме дрвата, езерата,реките, тревата, цвеќињата, парковите и шумите, бидејќи тие се изворот на чист воздух за сите. Секоја лоша постапка кон нив може да се рефлектира на нашето здравје. Тоа што исто така сакаме да го истакнеме е дека многу е важно во исхрана да внесуваме здрава храна, зеленчук, овошје и мешунки.
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани