Стојан Ѓоргоски ,,Во светот на успешните”

Оваа недела ,,Во светот на успешните” Стојан Ѓоргоски.

Стојан Ѓоргоски е познат охридски бизнисмен. Сопственик на успешната компанија ,,Зора”. Искусен, долгогодишен успешен менаџер , човек кој ги постави темелите во сферата со сателитска опрема во земјава. По вокација дипломиран инжинер технолог.

„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..

Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

,,Работете напорно и чесно, вложете многу труд, веувајте во она што го сакате и успехот е загарантиран” – ова е мотото на Стојан Ѓоргоски, кој денес сопствениот бизнис го предаде во рацете на својот син Бранко снаата Ангела и неговата ќерка Марина Симоноска и зетот Влатко. Сега денот го минува мирно, одмарајќи со седумте сакани внучиња.

ОХРИДНЕТ: ,,Зора” е една од првите компании за сателитска опрема на пазарот, повеќе од 26 години. Кажете ни како се роди ,,Зора”?

Стојан Ѓоргоски: ЗОРА е добро позната компанија. Основана во 1990 како компанија со главна дејност, проектирање, производство и изведување на телевизиски дистрибуирани системи и решенија.Од компанија со десетина вработени ЗОРА постигна голем успех заземајќи значајно место на телекомуникацискиот пазар во Р. Македонија и соседните Балкански Држави.Од своето основање, ЗОРА денес прерасна во успешна компанија која ги претставува странските компании на локалниот пазар соседноте Балкански Држави.Денес нудиме познати марки на сателитски ресивери и комплетни сателитски системи, кабелска опрема, вклучувајќи високо квалитетни FTP и коаксијални кабли, оптички кабли, 1310nm и 1550nm опрема за оптички пренос на информации, одобрени од странски и домашни партнери.

ОХРИДНЕТ: Кои се Вашите клиенти? Со која земја имате најдобра соработка?

Стојан Ѓоргоски: Застапени сме на пазарите во Србија, Албанија, Косово,Црна Гора,Босна и Херцеговина,Словенија и Бугарија. Негуваме и долгогодишна соработка со реномирани компании од областа на телекомуникациите од Кореја Тајван,Кина и Европа. На патот на успехот продолжуваме како главни извозници за цела Европа и сме застапници за една од најголемите Кинески компании Gospell.Во изминатите години направивме сеопфатно испитување на пазарот за сателитски системи и согласно потребите и развојните стратегии станавме партнери и авторизирани дилери на неколку други светски познати компании за сателитска и кабловска опрема. Поради проширување на нашите бизнис интереси како и нашата заложба да бидеме поблиску до нашите соработници во 2012 година отворивме нов модерно опремен, продажен салон на ЗОРА ДОО во Скопје опремен со најновата сателитска и кабелска технологија.Во улога на нашите потрошувачи секогаш сме достапни за подршка,сервис и одржување на сателитските системи. Вршиме презентација на Европските саеми:TV Conekt-во Лондон,Anga-Colonge-Германија,IBS – Rai-Амстердам,а главната инспирација ја црпиме од најголемите светски саеми од Кона и Хонг Конг.

ОХРИДНЕТ: Која е тајната на успехот?

Стојан Ѓоргоски: Со квалитетно и професионално работење, напорна и чесна работа и мотото – “клиентот секогаш на прво место”, ЗОРА денес е една од најуспешните македонски компании и македонски препознатлив бренд. А за да се биде лидер на пазарот, важно е компанијата да биде и општествено одговорна – активно да придонесува за доброто на заедницата. притоа секогаш свесни дека треба да ги вклучиме и ранливите групи, да им дадеме еднаква можност да бидат поврзани со најновите телекомуникациски достигнувања.

ОХРИДНЕТ: Каде ја гледате Вашата компанија во иднина? Им ја предадовте на Вашите деца…..

Стојан Ѓоргоски: Согласно својата мисија и стратегија за развој постојано ќе воведуваме новини во работењето, а се со цел најдобро да одговориме на потребите на своите корисници.Само со целокупен технолошки напредок, преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени ќе имаме и задоволни потрушувачи,Верувам дека моите деца ќе продолжат по патот на успешноста. Синот Бранко, снаата Ангела, ќерката Марина и зетот Влатко, се иднината на нашата успешна приказна. Работат сложно, напорно и чесно. Веруваат еден во друг. Тоа е доволно за да стигнат до целта. Верувам дека ќе чекорат напред и ќе го зачуваат угледот на нашата компанија Зора и бидејќи тоа е семеен бизнис, јас силно верувам дека еден ден компанијата сложно ќе ја управуваат моите седум внуци.

ОХРИДНЕТ: Како Ви поминува денот? Изминативе неколку години ги минувате во одмор и релаксирање со бројните внуци?

Стојан Ѓоргоски: Да можам да кажам дека се повлеков од бизнисот. Им изградив на децата успешна компанија и сега таа е во сигурни раце. Често се дружам со пријателите и бизнис партнери давајки им пример на моите деца како да ги негуваат бизнис односите -Секогаш сум тука за нив со совети и предлози за идни проекти. Најголемо задоволство ми е да одмарам во викендичката во Свети Стефан. Особено во летниот период уживаме во забавата на базен. Моите внуци се мојата најголема инспирација. Седум ангелчиња кои ми го греат срцето. Три момчиња и четири девојчиња сите на слична возраст, најмалото 5 месечно бебе а најголемото 11 години ми го разубавуваат денот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани