Во Охрид формирана фејсбук страна на невладината организација за борба со гласната музика.
(НВО граганско здружение) за заштита на животната средина од Охрид (под заштита на животна средина спаѓа и заштита на животната средина од бучава) а која е поддржана од Американскат амбасада и УСАИД (Американската агенција за поддршка и развој).
Од таму ја информираат јавноста, односно граѓаните и посетителите на Охрид дека, доколку во текот на ноќните часови нивниот мир и сон е нарушен од гласна муaзика која доаѓа од дискотеки, плажи, концерти на отворено и други извори на бучава, истото веднаш да го пријават на телефонскиот број 192 или лично во најблиската полициска станица на МВР.
-Доколку гласната музика се слуша и внатре во просториите на вашите станбени објекти дури ако прозорците и вратите се затворени, тоа значи дека интензитетот на музиката ја надминува дозволената граница од 30 децибели во затворена просторија (дб = мерна единица за јачина на звук). Во тој случај МВР по пријава на граѓани е должно да превземе мерки т.е. да поднесе прекршочна пријава односно глоба од 400 евра за физичко лице (одговорното лице во објектот) и 800 евра глоба за правното лице т.е. против физичко или правно лице кое врши нарушување на ЈРМ со пуштање на гласна музика (ЈРМ = јавен ред и мир) според член 7, (став 1 и 2) и член 8 од ЗППЈРМ (закон за прекршоци против јавниот ред и мир). Доколку нарушувањето на ЈРМ со пуштање на гфласна музика, го пријават повеќе од 3 граѓани тогаш МВР е должно веднаш да го извести инспекторот на подрачната единица на Министерството за животна средина кој е должен веднаш да излезе на лице место испред објектот кој е извор на бучава и со инструмент (фонометар) да ја измери јачината на звукот. Доколку бучавата ја надминува границата од 110 дб, надвор , во станбена зона тогаш инспекторот изрекува глоба од 1 000 евра за физичко лице и 1 500 евра за правното лице. Ако нарушувањето се повтори од истиот објект (извор на бучава) тогаш следува трајно затворање на објекот од страна на Министерството за животна средина, велат од невладината.