Стружани и ова лето се соочуваат со недостиг на вода.
Подолг временски период во повеќе делови од градот вода воопшто нема. На екстремно високите температури граѓаните се приморани да полнат вода за пиење и хигиена.
Самоиницијативно дел од засегнати жители на Струга, под мотото „21 век, а нема вода ни за лек“ ќе организираат протeст, среда 09-ти Август во 14:00 часот пред зградата на „Проаква“.