Оваа недела ,,Во светот на успешните” Борис Маркулески.
„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават, создаваат и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..
Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.
Во ,,Светот на успешните” оваа недела Борис Маркулески . Млад и амбициозен, но и професионален и истакнат туристички работник од Охрид. Сопственик и менаџер на хотелот ,,Тино Свети Стефан” Спа.
Винчензи Маркулески се едно од популарните охридски семејства. Сопственици на ланец хотели, ресторани и угостителски објекти. Познати како среќно семејство, богато со синови, снаи и внучиња. Мајката на Борис е италијанка, Франка Винчензи, главна на вкусната надалеку позната кујна на брендот ,,Тино”……Маркулевски се доказ дека може да постои успешна фамилијарна бизнис приказна……
Во продолжение интервјуто со Борис Маркулески.
Борис со сопругата и двајцата синови
Охриднет: Како е да се управува со најубавиот и најсовремениот хотел на брегот на Охридското езеро?
Борис Маркулевски: Како и секој бизнис, менаџирањето на хотел има доста предизвици, меѓутоа клучно е на секој предизвик да се гледа со позитивен став. Нашиот бизнис е фамилијарен, па заедничкото управување со моите браќа и родители е она што не движи напред. Исто така, добриот тим на вработени што го создадовме низ годините е од голема важност.
Борис и неговите двајца браќа Деан и Тино
Охриднет: Вие долги години сте во туризмот и угостителството располагате со уште еден хотел, популарниот ,,Тино” на кејот на Охридското езеро и еден од најдобрите ресторани. Кажете ми која е тајната на успехот?
Борис Маркулевски: Да, популарниот ,,Тино” на кејот на Охридското езеро е всушнот местото од кое што пред 17 години моите родители ја започнаа успешната приказна на квалитет и гостопримство, а новиот Хотел ,,Тино Свети Стефан” е продолжување на нашиот бренд и традиција. Како што кажав, нашиот бизнис е фамилијарен, па поддршката и лојалноста која што ја имаме меѓусебно како фамилија, и колективната посветеноста и желба кон нашата работа, е она што го прави нашиот бизнис успешен. Мојот татко Валентин и мојата мајка Франческа, која сите овие години е главен кувар во кујната на ,,Тино” е без конкуренција најдобра во својата работа, се основата на сите успеси на хотелите. Тие се луѓето коишто ни ја поставија подлогата на која јас и моите браќа – Деан и Тино, колективно го надградуваме и прошируваме бизнисот.
Охриднет: За крај кои се вашите идни планови? Каде се гледате себе си за десетина години? Што би сакале да направите ?
Нашиот бизнис е таков, што по природа бара постојано вложување , надоградување и иновирање за задоволување на вкусовите на се поголем и поголем број домашни и странски гости. Согласно на тоа, имаме уште многу идеи и цели кои сакаме да ги оствариме, меѓутоа чекор по чекор. Најново нешто од нашиот бренд е претстојното отварање на ,,Тино’с Паб и Бар”, веднаш до Хотел ,,Тино” на кејот, кој ќе биде со богата програма, и ќе ја зголеми целокупната туристичка понуда на градот. Главна мотивација ми останува фамилијата, и се надевам дека еден ден бизнисот успешно ќе го водат моите деца и внуци.
Франческа и Валентин со многуте внуци