„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.
Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.
Славчо Андрески е еден од помладите успешни менаџери од Охрид.Младиот Славчо е еден од „виновниците“ не само за опстанокот туку и за растот на гигантот „Братство“- -еден од препознатливите брендови на Охрид во некогашна Југославија и пошироко. Славчо и семејството Андрески, во најтешките невремиња и бури, застанаа на „кормилото“ на бродот гигант „Братство“. Тие го поведоа во мирни води со силна визија за сигурна пловидба под полна пареа на патот кон успехот.
Славчо е врвен професионалец постојано концертриран на развојна бизнис стратегија и борец кој и во сложени услови на стопанисување, креира вредности и успешно го води бизнисот на компанијата. Целосно е посветен на работата, на потребите на компанијата и пред се , на потребите на вработените. Токму затоа, Славчо заслужено е првиот наш соговорник во новата рубрика „Во светот на успешните“.
Проследете го интервјуто со Славчо Андрески успешниот менаџер од компанијата „Братство“.
Охриднет: Збор два за приказната наречена „Братство“ од минатото до денес.
С.А – Индустријата за метални производи Братство Охрид се вбројува во редот на најреномираните компании за изработка на садови за домакинство во југоисточна европа. Почетоците на фабриката се ви 1949 год по што следат години на раст и развој под имете Братство Охрид. Во 2010 год компанијата Андрос станува доминантен сопственик на Братство Охрид, од тој момент на пазарот настапува под трговското име Братство Инох Охрид со нова трансформирана приватна структура на капиталот. Во 2013 год Братство се проширува со уште еден производен капацитет од 3 000 м2 со што станува сопственик на единствената ковачница за топло и ладно ковање во Македонија. Зголемувањето на производните капацитети и континуираните инвестиции на компанијата не застануваат тука, па така во 2014 год Братство станува сопственик на најголемиот индустриски капацитет за Површинска заштита на метали. Успешниот Производен процес на братство го креира долгогодишното акумулиано искуство на 156те вработени во корелација со богатиот машински парк сместен на површина од 15 000м2 покриен простор. Во чекор со современите трендови компанијата уште на самиот почеток го воведува стандардот за квалитет ISO 9001/2008 , а една година подоцна како една од ретките компании на балканот го усвојува и импементира највисокиот стандард за заварување во Железничката индустрија 15085/2. Следствено на тоа можеме да кажеме дека компанијата Братство Инох Охрид нуди широк асортиман на услуги од метало-преработувачката дејност, како: Длабоко извлекување, ротационо извлекување, заварување, ковање, површинска заштита на метали, комплетна машинска обработка на најсовремени CNC машини и многу други.
Охриднет: Кои се моментните активности но и предизвици пред „ Братство“?
С. А.– Братство Инох Охрид води континуирана грижа за своите клиенти и соработници така што континуирано го подобрува квалитетот на своите производи и услуги. Водејќи се од таа мисија инвестиравме во нова производна линија со која се модернизира дизајнот на садовите за готвење се зголемува продуктивноста и се подобрува квалитетот на производите. Исто така благодарение на врвниот инжињерски тим на братство Инох, компанијата разви технологија за производство на Експанзиони садови и Хидрофори, со што се зголемува понудата за уште еден врвен производ со висок квалитет. Од неодамна во склоп на Братство почна да функционира нова програма за производство на Електро изолатори од Епоксидна смола и Мерни трансформатори за среден и висок напон. Водејќи се од горе споменатата мисија, нашата визија е да станеме најголем капацитет за прерботка на метали и производство на електро производи за низок и среден напон.
Охриднет: Што е пресудно за еден менаџер да биде успешен во Македонија?
С.А – Да биде успешен еден менаџер треба да има огнена желба и визија за тоа што сака да го постигне. Се што човек може да замисли може и да го оствари ако е бескрајно упорен и никогаш не ги напушта своите соништа. Сонот и желбата се главни двигатели кои што ти даваат сила да успееш и во најтешките моменти. Јас би му препорачал на секој млад човек да биде амбициозен, упорен, истраен и цврсто да верува во своите идеи и одлуки. Да биде способен да создаде тим, кои што ќе продуцира клима во која што секој ќе се чувствува слободен да ги изрази своите идеи. Во бизнисот секогаш треба да те водат чесни намери и никогаш да не ги изневериш истите.