„Во светот на успешните“ доктор Јане Атанасов Митуш…

„Во светот на успешните“ д-р Јане Атанасов Митуш.

 

„Во светот на успешните“е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.

Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности,  пишуваат,  цртаат и музицираат,  комуницираат, едуцираат и своето знаење го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Овој пат една поинаква приказна. За еден успешен тим…. група  ветеринари, кои воведоа светски стандарди во грижата на милениците во Охрид. Станува збор за вработените во ветеринарната амбуланта „Вет Спирит“. Екипа за почит, луѓе кои секојдневно со многу љубов и внимание спасуваат животи…..Разговорот го направиве со доктор  Јане Атанасов Митуш, докажан и искусен ветеринар  од Охрид……

Охриднет: Колку е важна грижата за милениците, правилната исхрана и редовното посетување на ветеринар?

 

Д-р Јане Атанасов Митуш: Доколку сакате Вашиот миленик да израсне во здрава и имуна на болести единка грижата претставува еден од неопходните предуслови за живот.Правилната грижа започнува уште од најраната возраст со контролен преглед и вакцина. За да миленикот продолжи правилно да расти и развива потребно е правилна исхрана со најголем процент на протеини и дополнително се даваат витамини за правилен раст и развој на коските. Со редовните контролни прегледи кај ветеринар и спроведување на препораките се заокружува целокупната грижа за миленикот.

Охриднет: Колку во нашиот град сопствениците на миленици посетуваат ветеринар, било за консултации било кога имаат болни миленици ?

Д-р Јане Атанасов Митуш: Фрекфренцијата на посети за консултации и болни миленици од ден на ден се зголемува, секако ние сме релативно нови во градот.

Охриднет: Вашата амбуланта е прилично нова во Охрид, но веќе етаблинара и позната по врвните услуги. Кажете ми какви се услуги нудите на милениците?

Д-р Јане Атанасов Митуш: Услугите кои ги вршиме во нашата амбуланта се редовни прегледи и совети за домашните миленици, превентива од заразни болести преку редовна имунизација, вакцинирање и микрочипирање , стационарно лекување, испитување на крв и интерпретирање на крвната слика, ехо дијагностика, копролошко испитување, стоматолошки услуги, шишање и капење, располагаме со пет шоп и високо квалитетна храна за миленици.

Охриднет: Една од поинтересните услуги, барем за мене е полирањето заби … нешто сосема ново непознато на нашиот простор. Колку е важно и потребно да се практикува?

Д-р Јане Атанасов Митуш: Оралната хигиена е најзанемарена грижа на домашните миленици кај нас. Факт е дека сопствениците многу ретко или никогаш не му ги мијат забите на милениците па и затоа не ги забележуваат промените во устата. Ние, ветеринарите при контролен преглед установуваме каква промена настанала и што треба да се превземе. Оралната хигиена допринесува за правилно џвакање, ситнење и мелење на храната и како таква е спремна за понатамошна дигестија. Усната празнина претставува т.н инкубатор за сите видови на бактерии. Конкретно за полирањето заби се препорачува прво да се исчисти забниот камен па да се полираат забите, на 3-4 месеци во зависност од состојбата на истите.

Охриднет: Интересно е што за прв пат во градот имате и крвна слика, лабораториски анализи?

Д-р Јане Атанасов Митуш: За да квалитетот и успехот во лекувањето на домашните животни биде поголем мораме да добиеме точна дијагноза. Покрај стандардните прегледи и испитувања, со крвната слика допринесуваме за откривање на каков вид на болест се работи. Мора да напоменам дека точната интерпретацијата на крвната анализа е најважна, а не само поседувањето на хемоанализаторот.

Охриднет:„Вет Спирит“ иако е само неколку месеци во Охрид , веќе како што кажав е позната за сите. Кажете ни колку доктори по ветеринарна медицина брои и со какви квалификации?

Д-р Јане Атанасов Митуш: Ветеринарната амбуланта располага со 4 доктори по ветеринарна медицина со долгогодишно искуство во ветерината.


Охриднет:За крај, која е Вашата порака до сите сопственици на миленици?

Д-р Јане Атанасов Митуш: Водете грижа и превентива за Вашите миленици, сакајте ги. Тие ни ја покажуваат моќта на природата и природните закони. Животните зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат.

 

„Со срце за животните“….. Нашите пациенти се драгоцено богатство на планетата Земја. Тие се директно поврзани со природата, и не поврзуваат и нас со неа. Ни ги покажуваат моќта на природата и природните закони, не учат за животот. Животните зборуваат, но само на оние коишто знаат да слушаат. Добрите ветеринари знаат да слушаат, но оние најдобрите знаат и да им одговорат. Ние знаеме. Го слушаме нивниот глас, нивните срца и гледаме во нивните очи… живот. Живот доволно вреден да се зачува и живее. Тоа е нашата секојдневна инспирација. Поради нив, ние денеска сме подобри луѓе. Горди сме што сме дел од нивниот свет и што ја имаме честа да бидеме нивни пријатели – НАЈДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ ! Повеќе на овој линк

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани