„Во светот на успешните“ главниот менаџер на „Фибула Ер-травел“ Асим Меџедовиќ

По летните одмори, од денес Охриднет, ја продолжува рубриката „Во светот на успешните“, што први ја отпочнавме во април оваа година. „Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.

Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.

Во ова издание, прво по летните одмори, Ви го претставуваме Асим Меџедовиќ, првиот човек на туристичката агенција „Фибула Македонија“ дел од најголемата туристичка мрежа „Фибула Травел Груп“.

Се работи за најголемата туристичка компанија на овој дел од Европа и првонаградена македонска туристичка агенција како најуспешен партнер на холандскиот тур оператор „Корендон“ за 2015 година.. Во туристичката фела Асим Меџедовиќ важи за исклучително енергичен и искусен туристички работник и борец што посветено работи на промовирањето на Македонија како атрактивна туристичка дестинација а посебно на Охрид и Струга како бисери на Охридското езеро на Балканот и во светот воопшто. Неговите колеги велат дека тој е врвен професионалец кој со напорна и чесна работа, се воздигнал во заедницата и успеал во својата професија поставувајќи високи професионални стандарди во агенциското и хотелско-туристичкото работење. Во туризмот работи дваесеттина години поминувајќи ги сите скалила во агенциското туристичко работење.

Охриднет: Вашите колеги велат дека знаете да креирате вредности во туризмот. Кои се вистинските вредности во туризмот, како ги сфаќате ваквите размислувања и колку денес има вистинска колегијалност и почитување во туризмот кај нас?

Асим Меџедовиќ: Како и во секојдневниот живот, искреноста и почитувањето на луѓето се основа за стекнување на меѓусебната доверба . Доколку на сето ова се додаде професиониот пристап и однос на секоја средба тогаш ја имате вистинската формула за успех . Колегијалноста треба да постои и да биде силно изразена и постојана бидејки туризмот од друга страна значи поврзување на луѓе , размена на искуства , соработка и формирање на заеднички производ и сл.Многу е важен начинот на кој се однесуваме еден кон друг бидејќи така се претставуваме себе си, нашата култура и нашата етика пред колегите во земјава и пред странските клиенти. Лично сум задоволен што имам прекрасни колеги со кои имам извонредна соработка и кои се вистински професионалци посветени во извршувањето на заедничките задачи на полето на туризмот.


Охриднет: Фибула склучува договори за туристичката соработка со Корендон Холандија , еден од најголемите светски тур оператори Томас Кук како и други познати тур оператори од Малезија, Турција , Франција , Полска и др. Кои се ефектите од оваа соработка,како помина ова лето во Охрид?

Асим Меџедовиќ: Пет годишната соработка со Корендон , јас би рекол и најхрабриот тур оператор продолжува да се развива и унапредува.
Нови програми за гостите , различни соржини и активности се предност на работата со овој холандски туристички гигант .
Што се однесува до Томас Кук Белгија можам да кажам дека тие навистина имаат одлична мрежа низ светот што значи огромен потенцијал за Македонија којшто треба да се искористи . Останатите наши партнер агенции се исто така во подем и истите се трудат што е можно во поубаво светло да ги престават не само убавините на Охрид и Струга туку и на целата наша земја . Нашата соработка поинтензивно ќе продолжи и во наредните години, со фокус во доменот на организирани доаѓања и туристички посети за туристите од земјите на Бенелукс. Искажувам задоволство од севкупната соработка со сите нив и надеж за продолжување на договорите со кои на охридско-струшкото крајбрежје ќе продолжат да доаѓаат иљјадници туристи од овие земји. Инаку, ова лето на охридската ривиера претстојуваа околу 15.000 туристи односно над 70.000 туристи во изминативе пет години.

Охриднет: Кои се проблемите во туризмот кај нас?

Асим Меџедовиќ: Од година во година, Македонија се посериозно ја завврстува својата позиција на светската туристичка мапа со исклучителните туристички понуди кон најголемите светски тур оператори . Придонесот на туризмот во буџетите на земијте во светот бележи огромен раст . Во услови кога туризмот почнува да се шири и развива се јавуваат и одредени субјекти кои го попречуваат тој процес . Со нивно суштинско и систематко решавање ќе ги одстраниме овие девијантни појави . Овде пред се мислам на нелојалната конкуренција од страна на човек агенциите , приватното сместување и сл .Очекувам решавање на овие состојби и сигурен сум дека подобрувањето на патната мрежа со изградбата на автопатиштата што се во тек во Република Македонија, значително ќе придонесе во развојот на туризмот на ривиерата но и пошироко во земјава. Посебно сакам да потенцирам дека е потребно е поинтензивно продолжување на натамошната едукација на туристички кадар и на останатите други хотелско-туристички работници на сите нивоа со што значително ќе се подигне нивото на нивната професионалност, љубезност и услужливост, што пак, од друга страна е мошне значајно не само задомашните туку и за странските гости.

Охриднет: Учествувате на бојни туристички саеми во светот. Со кои вредности го презентирате македонскиот туризам и што треба да се направи за континуиран раст на туристите во Охрид, Струга и воопшто во Македонија?

Асим Меџедовиќ: Природните убавини , езерата , националните паркови , културно-историскиот мозаик на нашата земја ,здравата храна , услугата , хотелите , активностите се дел од нашата стратегија за развој на туризмот во Република Македонија . На бројните саеми учествуваме преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија но и самостојно. Работиме на целосно претставување на македонската туристичка понуда како атрактивна балканска и европска туристичка дестинација а посебно на охридско-струшкото крајбрежје и потенцијалите на двата крајезерски града. Нашите туристички богатства се неисцрпни па оттука насочени сме кон достојна промоција езерскиот туризам, на хотелите распослани по целото крајбрежје, на атрактивните аранжмани, на можностите за дополнителни туристички тури во земјата и соседните држави значи да гоповрзуваме регионот, на домашното културно наследство, на еко и руралниот туризам, ја нагласуваме традиционалната кујна и љубезноста на нашиот народ. Со еден збор, сакаме да создаваме приказна и нов заеднички производ, што ќе го нудиме пред светот.

Охриднет: Како изгледа еден Ваш работен ден, дали бевте на одмор, имате ли време за вашето семејство?

Асим Меџедовиќ: Мојот работен ден, не е ист односно се разликува во одредени периоди од годината, но е динамичен, во секој случај.Вообичаено денот го започнувам рано кон 07часот и утрински кафе со сопругата .
По заедничкиот доручек следуваат работните активности во канцеларија со проверка на е-малови, работен колегиум, правење дневни работни планови како и состаноци со партнерите . Нечесто сум и надвор од агенцијата на терен за да проверам дали се се одвива во најдобар ред и договарам што и како треба понатаму.Цело лето бев на релација Охрид-Струга посетувајќи ги сите објекти и низ бројни контакти со колегите, договарајќи што треба да се направи, подобри и унапреди, за да обезбедиме покомфорен одмор на нашите гости. Секогаш оставам дел од денот во кој интензивно размислувам за идните планови за работа на агенцијата и создавање атрактивни програми на Фибула што ќе овозможат вклучување на многу други субјекти во туризмот-ресторани, ноќни клубови, други угостителски објекти, објекти од услужниот сектор, музеи, транспортни компании и сл.
Работното време во турзмот се разликува посебно кога е туристичката сезона односно од мај до октомври .Работам напорно во најголемиот дел од денот а вечерта е резервирана за семејството и пријателите . Уживам со нив.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани