,,Во светот на успешните” Михајло Филев

Оваа недела ,,Во светот на успешните” Ви го претставуваме  Михајло Филев.

Млад, успешен и  амбициозен. Најпознатиот изработувач на оригинални охридски бисери ,,Фамилија Филеви”. Михајло или како пријателите милуваат да го викаат ,,Мишо”  важи за позитивен секогаш насмеан, љубезен, културен и пријатен човек. Тој е повеќе од успешен, надалеку прочуен  по квалитетните производи, но и  по неговата дарежливост и ,,борбата” да се зачува охридскиот бренд – оригиналните бисери, кои се изработуваат по тајна рецептура. 

  „Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават,  создаваат  и да ги мотивираат другите. Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис…..

 Успешни се оние кои се чесни и посветени во професијата, кон народот и заедницата и кои не штедат ни време ни енергија да стигнат високо до целта.

Михајло е амбасадор на Охрид, преку културната традиција –  изработувањето на охридските бисери  ја прослави  Македонија ширум светот. Секое зрно бисер  е нанижано со многу љубов, внимание и чувство…..

 

Охриднет: Кога го направи првиот бисер и со кого? Од кого го учеше ,,занаетот”?

Михајло Филев: Семејствотo Филеви има богатата и долга семејна традиција како изработувачи на оригналниот охридски бисер, која датира од 1928 г. Но покрај изработката на охридски бисер се вбројува во едно од постарите Охридски семејства со бурна историја. Ќе го спомнам мојот прадедо Никола Филев кој беше и од првите угостители во Охрид беше сопственик на кафеаната Велика Србија до стариот Чинар.Според запишаните сведоштва семејни документи, архивски записи.  Историјата на семејството Филеви за изработка на Охридскиот бисер започнува во овие услови и околности кога се појавува и Рускиот емигрант Јован Субанович во Охрид и кафеаната на прадедо ми Никола . Така стекнале големо пријателство и како благодарност му го оставил неговиот благослов , тајната за изработка на Охридскиот бисер кој таа технологија рецепт ја знаел од Бајкалското езеро,  кое е исто по геоморфолошки состав флора и фауна. Ендемскиот вид на риба плашица поточно крлушките се тајната за изработка на емулзијата која се премачкува на седефните зрнца. Мојот дедо Михајло Филев продолжил со изработка , потоа тако ми Никола и неговиот помал брат Павел Филев и еве сега јас Михајло Филев крстен традиционално по дедо ми продолжувам, одговорно и темелно со огромна љубов да го изработувам и негувам тајниот процес на изработка на охридскиот бисер. Во моето детсво се јави веднаш љубов кон занаетот бидејки за мене беѓе секојдневие да бидам во кругот на семејството и да гледам како татко ми баба ми, стрико ми работат. Сите етапи и вештини ги учев комбинирано,  го следев најдоброто од сите. А првиот ѓердан со свои раце го изработив вклучувајки го моментот на совладување на целата техника и дознавање на тајната беше на 17 години искрено со мојата баба Славјанка Филева. Нешто слично како мојот дедо кој е роден во 1910 а го направи првиот бисер во 1928 на 17 години историјата се повторува.  Многу искустава стекнав во првите мигови на работење и промовирање бидејќи во исто време гледав како работат и се борат да продаваат на пултовите во стариот дуќан татко ми, баба ми и стрико ми. Знаев дека  на нашиот занает тајната е во  квалитетот бидејќи е преточено во накит и претставува сувенир подарок од Охрид, кој буди преубави спомени и е многу ценет и почитуван од светот. Веднаш како четврта генерација го прифатив товарот и одговорноста да се занимавам професионално со изработката на Охридскиот бисер со единствен мотив да се зачува долгата традиција и значењето како бренд на Македонија и бесценет камен во културата на Македонија.

Охриднет: Често подарувате бисери а со тоа ја промовирате нашата земја и нашиот прекрасен Охрид ? Ве викаат амбасадор ? Какво е чуството?

Михајло Филев: Подарувањето на бисери за мене претставува еден добронамерен гест кон  сите еминентни гости кои го посетиле мојот дуќан и Р.Македонија , политичари, актери,естрадни ѕвезди ,сите странски туристи анонимни….Го правам тоа зошто ме исполнува и сакам луѓето да ги правам среќни со тоа што можам не е само за лична афирмација на семејството Филеви туку со моето мото кое му го кажувам усно или пишувано ,,Повелете еден скромен подарок од Македонскиот народ за да ја осетат топлината и срдечноста културата историјата”. Се борам преку занаетот и со неговите производи и со способноста во разговорите со сите еминентни значајни луѓе познавајки ја добро историјата и фактите за Македонија да допринесам,  лобирам за поповолна позиција,  да имаме во овие моменти на тотална неправда притисок што се врши врз нас. Низ долгата традиција генерации макотрпна работа искушенија, многу турбуленции за Македонија сепак успеавме да издржиме, опстоиме во сите општествени системи во кои се затекнала државата ,па конечно Самојстојна држава, институциите, да не заштитат сертифицираат  како легитимен бренд  заедно со семејството Талеви. Благодарност на сите македонски влади,  бизнисмени кои го купувале охридскиот бисер и подаруале низ светот сите кој доаѓале туристи од целиот свет исто го купувале па така го прославиле низ сите светски меридијани и го добива епитет културен македонски бренд –  амбасадор кој буди најубави чувства.Со мојата дејност токму тоа и сакам да го постигнам останавме доследни, не го продадовме никаде занаетот го заштитивме во Македонија и ќе се бориме со занаетот за Македонија, па кога новинарите ме посочија мене и производот охридски бисер за најголем Македонски Амбасадор тоа за мене претставува голема одговорност и обврска да бидеме уште подобри во сите сегменти и немаме право на грешка. Но искрено и да се бориме со сите правни аргументи против оние кој го рушат угледот на Охридскиот бисер пример со самопрогласување на некој дека се трета фамилија која го прави бисерот,  крадење на историја , лажно користење на туѓа индустриска сопственост, заштитен географски назив се со цел да се стигне до профит. Трговијата нека функционира, но ке мора и законот да функционира по основ заштитен ѓеогравски назив и производ Охридски Бисер,  па секој со она што е негово ќе си биде задоволен исто ке биде бидејќи веќе луѓето не препознаваат, поминаа 100 години тешко е да глумат сите иста улога….

Охриднет: Кои купувачи, клиенти оставиле посебен белег во Вашето семејство…. особено за тебе…. знаеме дека охридски бисери носат кралици, принцизи…. Кој е ваш купувач кој посебно ви е чест што сте го услужиле?

Михајло Филев: Во овој долг период во нашите дуќани доаѓале многу познати личности, се носеле од овде производи на многу познати личности ширум светот. Ќе започнам со Кралските семејства кога и ни започна традицијата…. први беа Српската , Бугарската кралица во време на Југославија. Според нивниот протокол секогаш во нашиот дом ги носеле ,,големите луѓе” така беа Шведската кралица,  Данската ,Холандската многу други популарни за тоа време личности. По осамостојувањето на Македонија Киро Глигоров првиот претседател и личен пријател на баба ми Славјанка, веќе јас бев сведок по протокол ги носеше сите државници како што беа Желјо Желев  и сите балкански лидери. Од кога се занимавам  јас лично со занаетот од 2001 год. со сопствен дуќан и мојот семеен тим не посетиле ке ги издвојам следниве личности од сите сфери Синди Шелдон, Хозе Карерас, Руслана ,Георги Прванов, Борис Тадиќ, Леонид Кучма, скоро сите амбасадори во Р.Македонија…..Сопругите на сите претседатели кои беа присутни на Нато самитот 2008.  Весна Пушич, Даниел Митов, Желјко Бебек, Цеца, Емина Јаховиќ,Неда Украден, Северина, Мерима Његомир, Раде Шербедјија, Катерина Денев, Жулиете Бинош, Калиопи, Каролина Гоцева, Лабина Митевска, Владо Јованоски, Игор Џјамбазов. Нека простат сите оние што не ги споменав, ги има уште многу многу еминентни луѓе од целиот свет и Македонија кои не посетиле.

Охриднет:Кои се вашите планови во иднина ? Постојано воведувате новитети….. Го усовршувате традиционалното производство … од антиквитети античките накити до флуоросцентни… најмодерни ….?

Михајло Филев: Во изминативе 9 децении многуте генерации даваат нови димензии во креирањето и иновативните техники . За мене како четврта генерација после изучување на целокупната техника на занаетот и на филигранската вештина, веднаш почнав да мислам за нови креации,  модели кои ќе бидат за сите вкусови ,но да се задаржи класиката која е прифатлива за сите дами и возрасти безвременски бисерни модели. Со тоа не се задоволувам, заедно со мојот татко, почнав да воведувам мега проекти, кои претставуваат револуција во техниката квалитетот и атрактивност кај туристите воедно промоција на културата преку накитот од Охридски Бисер . Прв проект ми беа оксидните бои покрај белата добив сива и розева , го зголемивме траењето,  векот на органската материја да биде отпорен на механички дразби до 50 кг. термо стабилен на пламен…Го изработивме Џиновскиот бисер, кој се направив со сублимација на трите емулзии од плашицата која живее на Бајкалсо езеро- Русија,  Танганика – Африка и Охридското кои се исти по состав и докажавме дека флората, фауната и геоморфолошкото потекло е исто на овие езера. Ги возобновив сите антички накити со наши материјали кои потекнуваат од Македонија и добив вредни реплики. Возобновени се сите модели кои ги носеле и носат  сите кралици и познати дами кои биле купувани и поклонувани од кај нас. На повидок се уште многу проекти еве еден во најава сега го подготвувам и флуросветлиот бисер, кој дискретно ќе светка во темнина посебно ке го промовираме, за скоро ке го поставиме планот за изработката на Вечниот Мозаик за Македонија каде со мојот тим на уметници пријатели :копаничар,бакрорезџија,вајар, сликар ќе го направиме најголемото дело кое ќе се работи со години. Ќе бидат уптребени сите скапи и вредни техники многу љубов кон ова дело, кое ке го претставува македонскиот народ и културата историјата.

Охриднет:Сакате ли вашиот семеен бизнис кој е строго чувана тајна… да ја наследат вашите две ќерки ? Верувате ли дека и тие ќе се пронајдат себеси во производството на охридски бисери а со тоа и да ја продолжат семејната традиција.?

Михајло Филев: Голем е моментот кој го осетив кога татко ми ја кажа тајната за изработка на Охридскиот бисер.  Еве веќе 17 години самостојно работам се борам со сите предизвици, но длабоко во мене се подготвувам за денот кога ќе треба и јас да ја пренесам оваа тајна на моите поколенија. Покрај сопругата Мирјана, која е пожртвувана на две полиња,  пред се грижата за нашите ќерки, шестгодишната  Мина   и двегодишната  Ирма , како и  правењето на унакатни модели, сеуште голема помош ми укажуваат мојот татко др. Никола Филев,  кој работи и како доктор дпецијалист педијатар, но  и произведувач на бисери, но и мојата мајка Василикија, која се грижи за сите под еднаково,  а и работи на  занаетот. Ќерките прво сакам да ги воспитам да бидат правични, христијански, морално подготвени за сите периоди во животот, љубов кон луѓето и нивниот однос  не би правел притисок околу образованието и занаетот би ги усмерил заедно со професорските кадри за она што се надарени и за она што ке имаат желба и љубов. Занаетот му е во крвта и тоа не му бега ако осетат љубов и  обврска кон  традицијата, харизма, работливост и вештина во трговијата,  добар однос и почитување на луѓето успехот им е загарантиран. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани