Оваа недела ,,Во светот на успешните” Ви го претставуваме Мишел Наумоски. Млад, успешен познат градски лик. Адвокат и сопственик на едно од најпознатите градски кафулиња ,,План Б”.
„Во светот на успешните“ е катче на Охриднет резервирано за луѓето кои по многу нешта се уникатни, дисциплинирани и одговорни во својата работа, имаат визија и стратегија да творат, да прават создаваат и да ги мотивираат другите.
Станува збор за катче на Охриднет посветено само за луѓето што се лидери во својата фела, кои се пожртвувани и креираат вредности, знаат успешно да водат бизнис, да пишуваат, да цртаат и музицираат, да комуницираат, едуцираат и своето знаење да го делат со другите. Тоа е место за успешните хроничари и аналитичари, спортисти, иноватори, за напредните и креативни ученици и студенти но и за совесните успешни работници.
Мишел Наумоски е еден од носителите на успешна семејна традиција во управување со мали бизниси во трговијата , угостителството и финансиско- правниот консалтинг.
Охриднет: Прво логично се наметнува прашањето за почетоците во бизнис работењето?Стоите на чело на значајни правни субјекти а Вашето работење, денес е успешната бизнис приказна. Дали е тешко да се менаџира и да се биде успешен продолжувач на семејниот бизнис?
Мишел Наумоски: Со текот на времето се менуваат и потребите и приоритетите на стопанското делување и секако се прави анализа и план за потребите на пазарот.Основата на нашиот бизнис е наследена од нашиот татко кој ги направи почетоците во приватниот сектор, а денес јас со мојот брат како наследници. Симболиката на водењето и упрвувњето кај нас е уредена на начин на корпоративно управувње што значајно го олеснува менаџирњето. Посветено работиме на одржување на бизнисот во добра кондиција и секако постојано истражување на пазарот за продуктивно унапредување во иднина ако тоа се покаже како потреба. Во континуитет ги пратиме и имплементираме новите стандарди во делот на бизнисот, начините на функционирање ,обуките и итн што не прави конкуретни на пазарот. Настојуваме да одржиме ниво на услуга и континуирано да ја подобруваме со нови инвестиции. Семејниот бизнис треба да стане основен двигател на економијата и како таков го практикуваме.
Охриднет: Кафе барот „План Б“ е дел од Вашето бизнис работење. Мислам дека би било интересно да ни кажете како „се роди“ името „План Б ?.
Мишел Наумоски: Локацијата на деловниот објект т.е. просторот, кој не опкружува во минатото не беше препознатлив по угостителска дејност и за тоа време беше невообичаено во тој дел на градот да се отвори кафетерија , бидејки во Охрид секогаш приоритетна локација за тоа бил Охридскиот плоштад односно крајбржејето што и преставува ,,План А” на Охрид. Како пандан на најстрогиот центар на градот , во неговиот условно наречен административен дел во 2009 година започна со работа ,,План Б” кафе кое во изминативе 8 години стана место каде се спојуваат многу генерации, место кое нашите пријатели со задоволство го посетуваат што посебно не исполнува и не инспирира да правиме уште подобри понуди .
Охриднет: Се има ли време за сите работни обврски, од каде ја црпите енергијата, останува ли време за двете мали принцези?
Мишел Наумоски: Приватното стопанисување бара исклучителен ангажман ,многу позитивна енергија и секако многу време. Задоволството е кога постои некој за кој вреди и мора да постоиш и опстоиш. Времето поминато со Јана и Надица преставува компилација на моменти во кој се рзговара за нивните емоции,потреби ,планови …. Што за мене преставува најголемиот извор на енергија.
Охриднет: Како може да се подобри бизнис атмосферата во Охрид, каде ги гледате Вашите бизниси за пет години ?
Мишел Наумоски: Генерално кај нас структурно се работи за мали или микро бизниси кој со оглед на времето на приватното стопанисување е кратко мислам на последниве 20 години, а следствено на тоа акумулацијата на капитал на фирмите е мала или не доволна ,треба што побрзо да се адаптираме на трендот на европското функциоирање за здружување на капиталот ,,joint venture” односно поголемо практицирње на јавното-приватно партнерство ,,outsourcing” ,како би биле спремни и конкуретни во идниот период како аспиранти кон Eвропа и европските модели на функционирање.Трендот на влез на странски инвеститори во Охрид и Македонија треба да ја развие свеста на домашните приватни претприемачи за поинаков пристап кон бизнисот,секако во тој дел мислам дека треба да се искористат и многуте поволности кои се реализираат со локалните и владините проекти.
Охриднет: Мишел вие работите и како адвокат?
Наумоски: Тоа е мој нов предизвик. Сакам да се борам за правда и секогаш да бидам на страната на правдата. Успешно се снаоѓам со професијата, која ме исполнува. Се случува да имам и по неколку судења на ден, но таков е мојот карактер, сакам предизвици и обврски.