Завршен час на Центарот за развивање животни вештини Бреинобреин

Уште една успешна училишна година за Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид денес се одбележа со завршниот час, во духот на спортот и физичката активност. Децата кои ја следат Бреинобреин (БОБ) програмата со нескриена возбуда и радост уживаа во богатите спортски содржини креирани од професорот по физичка култура Катерина Стојаноска, во Спортскиот центар „Климент Колески“ во Охрид.
На сите деца кои ги завршија соодветните нивоа од БОБ програмата, тренерите на оваа програма им ги доделија меѓународните сертификати.
Изразуваме благодарност за поддршката до СЦ „Климент Колески“ и проф. Катерина Стојаноска.
Бреинобреин – Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија од 2010 година. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.
Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид во моментов ја следат преку 70 деца, а во септември започнуваат уписите на нови групи.

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани