Се подготвува нов закон – практикантите да добиваат плата

 

Се подготвува нов закон за практиканство.

 

Компаниите да ангажираат млади практиканти за да добијат кадар според своите потреби, а младите пак да учат и да стекнуваат искуство, а истовремено за тоа време и да бидат платени. Тоа се основите на законот за практикантство што во моментов го подготвува Владата. Целта е да се намали невработеноста, а компаниите да добиваат способен и корисен млад кадар, но и да се стави крај на злоупотребата на трудот на практикантите.

Компаниите, според новиот закон, ќе може да ангажираат практиканти на возраст од 15 до 29 години, во период од еден до шест месеци. За ангажман до три месеци ќе треба да им даваат плата до 5.000 денари, а доколку компанијата одлучи да ги задржи уште три месеци, ќе треба да им плаќа минимална плата. За целиот период на обука нема да се плаќаат придонеси, но практикантите ќе имаат првенство при вработување.

Од 2017 година, од 902 млади лица вклучени во оваа програма за практикантство се вработиле 445, или 50 проценти.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани