Почнува пролетта – денес пролетна рамноденица

Првиот официјален ден на пролетта во северната хемисферa – пролетната рамноденица, е ден кога она што го дефинирале како “замислена земјина оска” стои мирно, сонцето изгрева точно на исток а заоѓа точно на географскиот запад.

На денот на почетокот на пролетта, сонцето во Македонија ќе изгрее во 05:36 часот, а ќе зајде во 17:46 часот.

На рамнодневицата која се случува денес на  20 март на северната полутопка настапува пролетта, а на јужната есента; обратно, на 22 септември на северната полутопка настапува есента, а на јужната пролетта.

Двата моменти кога Сонцето е точно над екваторот (кога оската на вртење на Земјата е нормална на вртежната рамнина) се викаат рамнодневица.

Рамнодневицата, особено пролетната, играла значајна улога во културата на сите цивилизации од минатото. Почетокот на пролетта бил поврзан со почеток на земјоделските работи, или со приложување на жртви заради успешен род. Пролетната рамнодневица била прославувана и како почеток на новата година. Во Македонија, најстарото познато наоѓалиште на кој се определувал датумот на рамнодневицата е Кокино, од околу 1800 г. п.н.е.

Equinox (рамноденица) доаѓа од латински и значи еднаква ноќ. Во сите древни култури ширум светот, ова е денот кога започнува пролетта, а многу традиции и празници се поврзани со промената на временските услови и будењето на природата. Пролетната и есенската рамноденица, заедно со летната долгоденица и зимската краткоденица се четири важни маркери за човечкиот живот во текот на годината. Од сега, па до есенската рамноденица, на северната хемисфера на планетата Земја денот ќе трае подолго, а времето ќе биде потопло. Во некои култури е зачувано и преданието дека на рамноденица земјата стои рамно, па затоа на овој ден јајце можело да стои исправено, без да паѓа.

На 31 март во 2 часот по полноќ, часовниците се поместуваат еден час напред и започнува летното сметање на времето.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани