Стопанската комора предлага Републичка туристичка инспекција

На крајот на летната сезона, туристичките работници делумно задоволни од резултатите.

И покрај турбулентните случувања во најголемиот туристички центар во земјава Охрид, поголеми откажувања на аранжманите не биле забележани, велат од оваа стопанска гранка. Сѐ уште еден од клучните проблеми е како да се вратат гостите од земјава на домашните туристички локалитети.

Еден од предлозите кои Владата го прифати а има за цел да ги врати домашните туристи да летуваат во земјава е иницијатива кој првично беше предложена во една од дебатите на Клик Плус на ТВ21. Ангел Димитров кој е еден од најискусните во овој сектор побара популарниот К-15 да се дава во вид на ваучер и да се искористи во домашен туристички локалитет.

„Сега, знаете добро е секој да си купи нов капут од К-15 или телевизор, но тие се за годишен одмор, наменски. Тогаш наменски ќе се искористат. Ваучерот може да се искористи на било кое туристичко место, но во земјава“, изјави Ангел Димитров – туристички работник.

Друг проблем се и непријавени објекти кои нудат сместување и „дивите“ водичи кои организираат тури низ Македонија и одземаат 40% од профитот на легалните водичи. Токму затоа, се прават и обиди за намалување на сивата економија во туризмот.

„Треба да се воведе републичка туристичка инспекциска каде што и градските туристички инспектори ќе бидат под мониторинг, да не бидат во ситуација два часа сум инспектор, три часа нудам приватно сместување, да не ме сфатат погрешно ама , но со тоа ќе се елиминира сивата економија“, изјави Бранко Босилков претседател на туристички водичи.

Во земјава има 380 активни водичи кои зборуваат англиски јазик, но само двајца го познаваат холандскиот што за угостителите е недоволно знаејќи го бројот на гости од оваа земја. Според поплаките на странските туристи, водичите недоволно ја познаваат историјата на земјава, не секогаш се соодветно облечени и имаат проблем со странските јазици, а за едно разгледување на градот водичите наплаќаат и по 70 евра од група, пишува tv21.tv

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани