Вевчани дел од проектот енергетски ефикасни општини

Како дел од активностите на проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен балкан и Турција“, заеднички кофинансиран од Европската унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а кој се спроведува од страна на GIZ во Западен Балкан и CPMA во Турција, во општина Вевчани се реализираше пилот проектот „Кон енергетски ефикасни општини“ во рамките на кој се постави фотовоталична електроцентрала на објектот на пречистителната станица за отпадни води во Вевчани со номинална моќност од 20,00 kWp.
Електричната енергија произведена од фотоволтаичната електроцентрала ќе се користи за сопствени потреби на објектот со што долгорочно ќе се придонесе кон значително намалување на трошоците за електрична енергија, а истовремено ќе се даде придонес кон заштита на животната средина преку користење на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.
Social profiles